На 1 ноември / 19 октомври 2024 година, кога го празнуваме споменот на преподобниот Прохор Пчињски, Преосвештениот Епископ Делчевско-каменички г. Марко служеше света архијерејска Литургија во Соборниот храм „Свети Јован Владимир“ во Бар, Црна Гора, во Митрополијата Црногорско-приморска на Српската православна црква.
По читањето на Свето Евангелие, Епископот Марко се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, а на крајот од Литургијата старешината на храмот му се заблагодари на Епископот Марко за заедничкото богослужење и му подари икона со ликот на светиот Јован Владимир.
Извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=61551990174842