Епископот Марко во посета на Црногорско-приморската митрополија

Во рамките на посетата на Црногорско-приморската митрополија на Српската Православна Црква, Неговото Преосвештенство, епископот Делчевско-каменички г. Марко, во понеделникот, на 31 август, служеше света Литургија во манастирот „Свети Стефан Пиперски“ — Ќелија Пиперска. По литургијата, со игуманијата, монахиња Јелена, и сестринството на манастирот се задржа во духовен разговор.

Во средата, на 2 септември, Епископот Марко служеше света Литургија во манастирот „Свети Василиј Острошки“ — Острог. Му сослужуваа игуменот на манастирот, архимандрит Сергеј, и дел од братството на манастирот, како и свештенослужители на Делчевско-каменичката епархија.

При посетата на Митрополијата Црногорско-приморска, епископот Марко, во придружба на протојерејот Жарко Мицковски, направи краток помен на јеромонахот Прохор (Јосифов) со кого што заедно учеа и матурираа во средното богословско училиште „Свети Климент Охридски“ во Драчево. Јеромонахот Прохор беше собрат во Цетињскиот манастир, а се упокои како последица од корона вирусот во 2020 година.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/19d9c5xdy4/