Епископот Марко во посета на дневниот центар за деца со посебни потреби во Делчево

На 3 февруари 2025 година, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко го посети дневниот центар за деца со посебни потреби во градот Делчево.

При посетата разговараше со раководителот и со вработените од центарот. Тие го информираа за најразлични проекти во кои активното учествуваат децата со посебни потреби во овој центар. Исто така, објаснија како заеднички го поминуваат работниот ден и начинот со кој се обидуваат да ги социјализираат овие деца.

Посакувајќи им понатамошен успех во работата, Епископот и вработените взаемно, искажаа надеж и подготвеност во иднина соработката да продолжи.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/162ZXehNTg/