Епископот Велички Никола на Божик служеше во Охрид

„Денес, кога се роди Христос, небото и земјата се соединија; денес Бог дојде на земјата, а човекот се искачи на небото; денес, невидливиот по природа, заради човекот станува видлив по тело. Затоа и ние, славејќи да Му запееме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, што го дарува Твоето пришествие, Спасителу наш, слава Ти“ (литиска стихира на Вечерна на Рождество Христово – Божик).

На светлиот и торжествен ден на празникот на Рождеството Христово – Божик, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која според благословот на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Администратор Дебарско-кичевски и Австралиско-сиднејски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Никол. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано и Божикното послание, испратено од Архиепископот Стефан и членовите на САС на МПЦ-ОА.

Во вечерните часови, пак, во Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше организирана заедничка вечера со свештениците од Епархијата, а на најмладите дечиња, според долгогодишната традиција, им беа поделени Божикни пакетчиња.

Извор: https://www.dke.org.mk/index.php/3715-ragjanje-po-telo-na-gospod-isus-hristos-bozhik