Волонтерите на Елеуса Фондација, хуманитарната организација која дејствува во Струмичката епархија, и овој пат за рекордно време спакуваа над 200 пакети со хуманитарна помош за социјално загрозените семејства во Струмичката епархија.
Овие пакети беа доставени од волонтерите на Елеуса Фондација во Пехчевското и Беровското намесништво.
Фондацијата Елеуса изразува голема благодарност до сите оние кои донираа и кои помогнаа за повторно огромен број семејства да почувствуваат радост.















