Ѓурѓовденска литија во Струга

На 7 мај 2025, ден по чествувањето на споменот на светиот Великомаченик Георгиј победоносец, во Струга беше одржана традиционалната Ѓурѓовденска литија.

Како и секоја година, прославата на овој ден започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, со света архиjерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф .

На Литургијата, во ѓаконски чин беше ракоположен ипоѓаконот Ѓорѓи Наумоски.

Во попладневните часови, во дворот на храмот „Св. вмч. Георгиј“, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и епископот Антаниски г. Партениј.

По завршувањето на Вечерната, беше отслужен помен за сите пораноупокоени ктитори, свештенослужители, служители и за сите оние кои помагале во овој свет храм, а потоа, верниот народ, предводен од архијереите, носејќи ги светите мошти на Светиот Великомаченик Георгиј, и чудотворните икони на светителот и на Мајката Божја, тргна низ улиците на Струга.

Извор: https://tge.mk/product/urovdenska-litija