На 29 септември 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претседаваше со годишната седница на Управниот одбор при Македонското библиско здружение.
На седницата беа претставени досегашните, но и тековните проекти на Библиското здружение, а воедно, беа разменети и повеќе мислења и предлози за одредени прашања кои ќе бидат корисни за неговата успешна и делотворна работа во иднина. Притоа, за нов генерален секретар на Македонското библиско здружение едногласно беше избран презвитерот Даниел Јовановски, а за нов член на Управниот одбор беше кооптиран претходниот генерален секретар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.












Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/godisna-sednica-biblisko-zdruzenie-2025/
