На 9 октомври 2025 година кога светата Православна Црква го празнува споменот на претставувањето на светиот апостол и евангелист Јован Богослов, беше отслужена света архијерејска Литургија во храмот „Св. Лидија Македонска“, во Свети Николе. Овој ден истовремено е и годишнина на храмот „Св. Лидија“, кој беше осветен на овој празник пред четири години.
На Литургијата чиноначалствуваше Високопресвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со епископот домаќин, Високопреосвештениот Митрополит Брегалнички г. Иларион и со Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко и свештенослужители од повеќе епархии на Македонската Православна Црква.
На Божествената Литургија боговдахновена и пригодна беседа одржа Епископот г. Марко, а по Литургијата, архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

















