Големо осветување на храмот „Света Петка“, во село Ношпал

На 17 мај 2026 година, во шестата недела по Пасха (Недела на слепиот), кога го празнуваме споменот на светата маченичка Пелагија Тарсиска, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протојереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски, протојерејот Злате Стефановски, јереите Славчо Петровски, Игор Велјановски, протоѓаконот Драган Георгиевски, изврши Големо осветување на храмот „Света Петка“, во село Ношпал.

После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: http://www.pppe.mk/2026/golemo-osvetuvane-na-hramot-sveta-petka-vo-selo-noshpal/