Гостување на Митрополитот Петар на ТВ 24

На 25 април 2025 година, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Петар гостуваше во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.

По повод претстојниот избор за нов Папа во Рим, Митрополитот Петар ја нагласи суштинската разлика меѓу православното сфаќање на првенството во Црквата и римокатоличкото сфаќање на тоа првенство.

Исто така, во разговорот станува збор и за познатите услови, што ги поставува Цариградската Патријаршија кон Македонската Православна Црква (откажување од каква било употреба на терминот „Македонија“ и „македонски“ во својот назив, откажување од јурисдикција во дијаспората и признавање на ПЦУ – Православната Црква на Украина чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија). Митрополитот Петар истакна дека станува збор за условувања од политичка природа, и дека овие услови не се врз канонска основа. Тој нагласи дека моментално во Православната Црква постојат многу посериозни и поприоритетни прашања за решавање, како што, на пример, е меѓусебното единство.

Во продолжение го пренесуваме целиот разговор.

Аргумент плус - Разговор со Владика Петар - митрополит на Преспанско-пелагониската епархијаАргумент плус – Разговор со Владика Петар – митрополит на Преспанско-пелагониската епархија