На 20.01.2024 г., пред почетокот на Воскресната Вечерната богослужба, беше извршено Наречението на новиот Епископ Велички г. Никола, на кое чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ-ОА, а утредента на 21.01.2024 година, во Триесет и третата недела по Педесетница (Неделата по Богојавление), кога го празнуваме споменот на Светиот Григориј, епископ Охридски, во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, на Светата Архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Високопреосвештените Митрополити: Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски г. Јован, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј, поранешен Кумановско-осоговски г. Јосиф и Преосвештените епископи: Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Делчевско-каменички г. Марко, Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков, архимандритот Никодим, протојереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Никола Христоски, Блаже Цековски и Маријанчо Мадевски, протојереите Златко Костовски, Кирил Трајковски и Тони Кузмановски, игумените Серафим и Агатон, јеромонасите Мојсеј и Висарион, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Драган Ѓоргиевски, Влатко Стојменов, Александар Димитријов, Ѓорѓи Делев и Константин Секоски, ѓаконот Драган Иванов и јероѓаконот Јаков, беше извршена Хиротонија на Сепреподобниот архимандрит Никола (Трајковски) во епископски чин.