На 20 јули 2025 година, недела шеста по Педесетница, кога се празнува споменот на светата великомаченичка Недела, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. Недела“ во с. Ранченци, Светиниколско.
Пред почетокот на светата Литургија, Митрополитот г. Иларион изврши осветување на фрескоживописот во храмот „Св. Недела“.
На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.





















