Хуманитарен концерт за Кочани во организација на Црковната општина Св. Никола – Мајнц, Германија

Во организација од Црковната општина Св. Никола – Мајнц, во недела, 8 јуни 2025 година, во Мајнц, Германија ќе се одржи голем хуманитарен концерт, посветен на поддршка за жртвите од трагедијата во Кочани.

На концертот ќе настапат: Каролина Гочева, КУД Шара, КУД Св. Никола – Мајнц, Група Милениум, Василија Петрова, Сања Здјелар.

Водители ќе бидат македонските актери Валентин Костадиновски – Тино и Атанас Атанасовски.

За најмладите е предвидена специјална детска програма – „Поточиња“.

Сите собрани средства ќе бидат донирани преку „SupportKocani“.

„Да се собереме, да помогнеме и да ја покажеме силата на нашата заедница. За Кочани. За Македонија“ – повикува организаторот на концертот.