На 19 декември 2025 година, во денот кога Црквата си спомнува за Св. Никола Мирликиски Чудотворец, Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид, во соработка со Општина Охрид, а со благослов на Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, ја започнува најголемата хуманитарна акција оваа година.
На градскиот плоштад во Охрид најмладите Охриѓани на Владиката му посакаа топло добредојде, а Митрополитот ги поздрави со благодарно слово осврнувајќи се на денешниот празник. На крајот, беа поделени новогодишни пакетчиња.










