На 23 октомври 2024 година во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, кај Струга, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата началствуваше епископот Хвостански Алексеј, викар на Српскиот Патријарх Порфириј, во сослужение на јеромонах Атанасиј Арсоски и протоѓаконите Александар Димитријов и Драган Иванов од Скопска епархија.
Исто така, на Литургијата учествуваше група поклоници од Србија чиешто поклоничко патување на светињите во Охрид и околината се реализира во организација на поклоничката агенција на Српската православна црква „Доброчинство“.
Певницата ја водеше Христијан Ѓошев од Скопје.
По Литургијата Епископот Алексеј, кој е духовник на поклоничката група, им се обрати на присутните и притоа им се заблагодари на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за можноста да сослужуваме денес на Божествената Литургија и на Патријархот Српски г.г. Порфириј за благословот со кој се реализира ова патување.