Игуменот Серафим ракопроизведен во архимандритски чин

На 24 јуни / 7 јули 2025 година, кога светата Црква го прославува Рождеството на славниот пророк, Претеча и Крстител Господов Јован, што е слава на манастирот Слепче, близу Демир Хисар, Неговото Високопреосвештеноство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Божествена Литургија во овој манастир, во сослужение со Преосвештениот Епископ Велички г. Никола и свештенството од епархијата.

На Литургијата тој во архимандритски чин го ракопроизведе игуменот Серафим.