На 8 мај / 25 април, кога се празнува споменот на светиот апостол и евангелист Марко, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко го прослави својот именден.
На Вечерната богослужба наспроти празникот во храмот „Успение Богородично, во Делчево, началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, во молитвено присуство на владиката Марко и на Високопреосвештениот Митрополит Нишки г. Арсениј од Српската Православна Црква.
На самиот ден на празникот, во истиот храм беше отслужена Божествена Литургија на која началствуваше Епископот Марко, во сослужение со Високопреосвештените Митрополити Пахомиј Врањски и Арсениј Нишки од Српската Православна Црква, и Јован Крушевско-демирхисарски, и Преосвештените Епископи: Давид Дремвицки и Јаков Стобиски и свештенослужители од повеќе епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископиај и од Српската Православна Црква.
По читањето на Светото Евангелие вдахновена бeседа искажа епископот Давид.
По Литургијата именденското коливо го благослови Митрополитот Нишки Арсениј. Епископот Марко им се заблагодари на браќата архиереи и на верниот народ и подели скромни подароци.
Пo богослужбата имаше свечен ручек, а присутните гости му го честитаа именденот на епископот Марко.










