На 11 јануари 2026 година, во неделата на Светите Богоотци, кога Црквата го празнува споменот на светиот Јосиф Обручник, светиот пророк, цар и псалмопевец Давид и светиот апостол Јаков брат Господов, по повод именденот на Неговото Преосвештенство викарниот Епископ Дремвитски г. Давид во манастирот „Успение Богородично“, во с. Сушица, Скопско беше отслужена Божествена Литургија.
На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на Епископот г. Давид и повеќе свештенослужители.
Во однос на евангелското зачало и празнуваниот светител, вдахновено беседеше Епископот г. Марко.
На крајот од Литургијата нему и на присутните, со избрани зборови, им се заблагодари Епископот г. Давид.
После Литургијата, манастирот имаше подготвено послужување за присутните, а се одржа и пригодна уметничка програма.












