Именденска честитка до Митрополитот Киевски и на цела Украина г. Онуфриј

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија испрати честитка до Поглаварот на канонската Украинска Православна Црква, Митрополитот Киевски и на цела Украина г. Онуфриј, по повод неговиот именден, на 25 / 12 јуни 2024 година.

Оваа честитка, потпишана од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во продолжение ја пренесуваме во целост.


До Митрополитот Киевски и на цела Украина
г. ОНУФРИЈ

Ваше Блаженство, Од името на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, од Свое лично и од името на целата полнота на нашата Помесна Црква Ви го честитаме именденот на Вашиот небесен закрилник – преподобниот Онуфриј Велики со најдлабоки и искрени благопожелби за добро здравје и обилна милост Божја во Вашето првојерархиско служење на Црквата Христова. 

Вашите трудови и молитви како претстојател на Украинската Православна Црква се покрепа на верниот народ, покажувајќи Ве како добар пастир на богомдоверената Ви паства.

 Ваш во Христа брат и сомолитвеник,

АРХИЕПИСКОП 
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
+ СТЕФАН