Изјава на сочувство од Српскиот Патријарх Порфириј

Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, на 26 ноември 2024 година упати изјава на сочувство до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, по повод блаженото упокојување на Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј. Во изјавата стои: 

Ваше Блаженство, возљубен во Христа брате и сослужителе,

Со длабока жалост ја примивме веста за упокојувањето на Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј, со кого пред нешто повеќе од еден месец сослужувавме света Литургија во манастирот Ѓунис. Блаженоупокоениот владика Тимотеј, како верен сведок Христов, копнееше по единството, а кога дојде полнотата на времето, вдахновен од Светиот Дух, решително придонесе за воспоставувањето на нарушеното единство на Црквата. Лично, служејќи ја божествената служба, соработувајќи со Нас и со браќата архијереи на Српската Православна Црква, ги лекуваше раните создадени од децении одвоеност. Заради тоа стекна голема почит кај свештената јерархија и верниот народ на Пеќката Патријаршија. Најкратко и најточно кажано, владика Тимотеј го доживувавме како свој најблизок брат во Христа. 

Затоа, бидете уверени, Блаженство, дека ќе се грижиме молитвено да го чуваме споменот на незаборавниот митрополит Тимотеј како наш постар брат и искрен пријател кој не се двоумеше, надвор од куртоазните манири, да Нè покрие со искрена братска љубов. Ве молиме, возљубен во Христа брате и сослужителе, во овие моменти на загуба на големиот јерарх и пастир, блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, да ги примите Нашите најискрени изрази на сочувство и да ги пренесете на целата полнота на Македонската Православна Црква. Се молиме на Воскреснатиот Господ праведната душа на упокоениот да ја насели во рајската обител каде што Божјите угодници вечно се радуваат! 

Со љубов во Христа Господа, 

Архиепископ Пеќки,
Митрополит Белградско-карловачки и
Патријарх Српски Порфириј 

Извор: https://spc.rs/izjava-saucesca-patrijarha-srpskog-porfirija-2/