На 29 септември 2026 година излезе од печат 79-от број на списанието „Православна Светлина“ на Повардарската епархија, трет број во јубилејната 20-та година од неговото печатење и духовно мисионерство.
Овој број, традиционално, пристигнува во благословениот период меѓу празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден и Соборот на сите македонски светители.
„Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Агатангел, ’Православна Светлина’ продолжува да ја исполнува својата мисија – да го шири словото на верата, да ја негува православната духовност и да сведочи за богатото духовно и културно наследство на Македонската православна традиција. Нека овој број биде уште една светлина на патот кон верата, љубовта, молитвата и духовното единство“ – се вели во објавата на Повардарската епархија.
Списанието е достапно во електронска форма тука.
Извор: https://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3326&Itemid=32
