Излезе од печат џебниот календар за 2025 година на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Во календарот, освен празниците за секој ден во годината, се вклучени и тропари на поголемите празници и особено почитуваните светители и кратки извадоци од Светот Писмо на Новиот Завет.
Ова издание на календарот особено го обележува настанот на донесувањето на иконата Троеручица (Троерачица) од Света Гора во Скопје.
Како и секоја година, во календарот се вклучени контакт телефоните од Архиепископијата, значајните институции и епархиите на Црквата.
Календарот може да се најде во сите храмови и богослужбени места на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.