Излезе од печат книгата „Автобиографија и избрани слова“ од архимандрит Теофил Парајан

Ве известуваме дека, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а во издание на Скопската православна епархија, излезе од печат книгата „Автобиографија и избрани слова“ од познатиот романски архимандрит Теофил Парајан.

Во книгата се разработени многуобразни теми, коишто, беспоштедно, го задираат нашето искачување по лествицата на духовниот живот. Притоа, во истата, ни е предочен и патоказот којшто води кон исполнување на неговата цел, а тоа е, несомнено, сместувањето на Бога во сѐ понеизвесното секојдневие и сочувувањето на Неговиот иконолик зографисан во нас.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/avtobiografija-i-izbrani-slova-2025/