Излезе од печат нов превод на Псалмите на македонски јазик во издание на Македонското библиско здружение. Ова издание е превод од староеврејски јазик, коешто покрај запазувањето на автентичноста на јазичниот израз и на поетскиот исказ, содржи и обемен вовед со богати податоци за Псалмите.
Книгата Псалми е најдолгата книга во Светото писмо. Таа претставува збирка на поетски текстови напишани од различни автори, во различно време и со различен карактер.