Израз на сочувство од Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија

Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Митрополитот Волоколамски Антониј, изрази сочувство до Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан по повод упокојувањето на Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј.

Ваше Блаженство!

Со голема тага ја примив веста за упокојувањето на истакнатиот архиереј на Македонската Православна Црква, Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј. Ве молам да ги примите моите длабоки и искрени сочувства за оваа голема и болна загуба.

Новопреставениот се подвизуваше со „добар подвиг“ (2 Тим. 4, 7), украсувајќи ја Охридската земја со многубројни храмови, придонесувајќи за прославата на Божјите угодници што засветлиле во нејзините граници, вдахновувајќи илјадници луѓе да се вратат кон светата Православна вера и воспитувајќи нови генерации свештенослужители, за кои неговиот живот, несомнено, ќе биде возвишен и достоен пример.

Со топлина ги паметам моите средби со починатиот Владикa и нашите братски разговори.

Вознесувам топли молитви кон Христос, Победителот на смртта, за упокојување на душата на приснопамјатниот Митрополит Тимотеј во населбите на праведните.

Вечен му спомен!

Претседател на
Одделот за надворешни црковни односи
на Московската патријаршија
Митрополит Волоколамски Антониј 

Извор: https://mospat.ru/ru/news/92565/