Известување за Бдение во Скопје

Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова.
(Пс 135, 1)

Со особена радост ве известуваме дека – со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – на 31.12.2024 година, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар, Скопје, со почеток во 22:00 часот, ќе се отслужи Бдение.

Ги покануваме сите верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на оваа торжествена богослужба, во којашто ќе заедничариме и, воедно, еднодушно и едногласно ќе Му заблагодариме на Бога, нашиот Спасител.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/bdenie-presveta-bogorodica-2024/