На 1 ноември 2026 лето Господово, недела 22-ра по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобниот Прохор Пчињски и пренесувањето на моштите на св. Јован Рилски, а по повод 20-годишнината од епископската служба на Митрополитот Брегалнички г. Иларион беше отслужена света архијерејска Литургија во соборниот храм „Св. Николај“, во Штип.
На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан во сослужение на надлежниот епархиски архијереј, Високопреосвештениот митрополит Брегалнички г. Иларион, и со Високопреосвештените митрополити: Преспанско-пелагониски г. Петар, Европски г. Пимен, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј, Дебарско-кичевски г. Георгиј, и Преосвештените епископи: Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Стобиски г. Јаков и свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
На Божествената Литургија присуствуваа директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска, директорот на агенцијата за иселеништво и потпретседател на Епархискиот управен одбор на Брегалничката епархија г. Горан Ангелов, градоначалниците од градовите што ги опфаќа Брегалничката епархија, пратеници од Собранието на Р. Македонија, видни личности и многуброен верен народ.
На крајот од светата Литургија пригодна и боговдахновена беседа произнесе Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан.
На Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион од се срце му ја честитаме годишнината и му посакуваме здравје, долг живот и многу плодотворни архипастирски благолетија.

































