По повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, кој е еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, на 12 октомври 2025 година, во храмот беше отслужена света Литургија.
Чиноначалстуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков и со гостите од Српската православна црква: главниот секретар на Синодот Архимандрит Нектариј, Директорот на Патријаршијата Архимандрит Данило и Продеканот за меѓународна соработна на Православниот богословски факултет во Белград протопрезвитер- ставрофор проф. д-р Владимир Владимир Вукашиновиќ.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин.














































