Јубилеј на Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“

Вчера, на 25 октомври, во просториите на МАНУ, со свечена програма беше прославен јубилејот по повод 10 години од основањето на Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“.

Во поздравниот говор, раководителот на ИЦКН „Цветан Грозданов“, академик Вера Битракова Грозданова, особено ја поздрави поддршката од страна на сестринството на манастирот и на отец Серафим, упатувајќи пофалба за гостопримството и укажаните заложби за Летната демирхисарска школа која што се одржува традиционално во манастирот Слепче како научно-едукативна школа со археолошки истражувања и проучувања на средновековната уметност и писменост.

Во склоп на јубилејната прослава беше одржан и научен симпозиум на којшто академикот Ѓорѓи Поп Атанасов излагаше на тема: „Нови сознанија за Слепченскиот книжевно-уметнички центар“.

Извор: https://www.instagram.com/p/DBljAaAIqSX/?igsh=MXY0Mm9vc2V2Mzl4cQ%3D%3D