На 16 март 2026 година, на годишнината од страшната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи трисагија, молитва за покој на душите на сите прерано упокоени во трагедијата, на градскиот плоштад во Кочани, во присуство на семејствата на настраданите, премиерот на Македонија г. Христијан Мицкоски, претседателката на Македонија г-ѓа Гордана Силјановска – Давкова, градоначалникот на општина Кочани г. Владко Грозданов и многуброен народ.
Потоа Митрополитот присуствуваше и на церемонијата, во спомен на жртвите од пожарот, во Центарот за култура “Бели мугри” во Кочани.
Нека им е блажен и вечен споменот и семилостивиот Бог да им дарува царство небесно. Вечнаја памјат.












