На 3 октомври 2025 година, во посета на Лесновскиот Манастир и на поклонение на моштите на светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички, дојде Високопреподобниот Игумен Леонтиј, со голем број верници од Романската Православна Црква, од градот Констанца.
Тие беа пригодно пречекани од Надлежниот Епархиски Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Високопреподобниот Игумен Исак со братството при Лесновскиот манастир.



