Известува: о. Горан Трпчевски
На 10 јули 2026 година, со благослов од надлежниот епархиски архијереј на Американско-канадската Македонска православна епархија, митрополитот Методиј, во катедралниот храм на епархијата, „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтц, во соработка со парохиските свештеници при храмот, протојереј-ставрофор Синиша Ристовски и протојереј Драган Јорданов, се одржа традиционалниот детски црковен камп.
Денот се започна со молитва, по што следеа возбудливи игри и активности, креативни занаети и вкусен ручек великодушно обезбеден од нашите спонзори и од семејствата на учесниците на кампот. Денот заврши повторно со молитва и поука.
Црквата и учесниците на кампот изразија голема благодарност до свештенството, сите што волонтираа, донираа и помогнаа денешниот ден да биде толку посебен.
Посебна благодарност до спонзорите: ATKO Market, Ideal Home Buyers, Софија, Луси, Изабел и Адријан Коцевски, семејството Спировски, Радослав и Грозда Михајловски, Симон и Стефани Филиповски и семејство Галовски. Исто така, до сите родители-волонтери, семејствата од неделното училиште и другите волонтери.
До некоја следна дружба да му благодариме на Бога за денот исполнет со вера, пријателство, семејство, смеа и забава.










