Во неделата пред или по празникот на светите Седмочисленици, во Крушево се прави литија со светите мошти на Св. Климент Охридски. Оваа година гостин во крушевската и демирхисарска света Митрополија во споменатиот ден беше Неговото Преосвештенство, Епископот делчевски и каменички г. Марко кој началствуваше на светата Литургија и по прочитаното Евангелие произнесе пригодна беседа.
Попладнето на истиот ден, низ крушевските улици помина литија со светите мошти на Св. Климент Охридски, која ја предводеше Епископот делчевски и каменички г. Марко. По пристигањето на светите мошти во соборниот храм „Св. Никола“ во Крушево и поклонувањето пред нив, пригодна беседа одржа Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован.
Извор: https://krushdem.org/2024/08/11/liturgija-pred-litijata/