Во неделата, на 9 август / 27 јули, кога се слави споменот на светите Седмочисленици, словенски просветители, после отслужената вечерна богослужба во храмот „Св. Николај Мирликијски” во Крушево, на која началствуваше митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, се одржа традиционалната Литија со моштите на св. Климент Охридски.
Литијата ја предводеше епископот Дремвитски г. Давид придружен од градоначалникот на Крушево, директорката на манифестацијата на културата „Десет дена Крушевска република“, бројно свештенство, монаштво и верен народ од повеќе епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
По Литијата, Митрополитот Јован произнесе кратка беседа во храмот „Св. Николај Мирликијски“.
















Извор: https://krushdem.org/2026/08/09/litija-so-svetite-moshti-na-sv-kliment-ohridski/ и https://www.facebook.com/share/p/19CL5hTihy/

