На 19 / 6 август 2026 година, на празникот на Светото Преображение Господово, во манастирот посветен на Светото Преображение Господово во Крушево, беше отслужена света архијерејска Литургија.
На Литургијата началствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Дељадровско- илинденски г. Јоаким, во сослужение со Епископот домаќин Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован.
По читањето на евангелската перикопа, епископот Јоаким произнесе празнична беседа, а по Литургијата беше извршен водосвет и беше благословен лозовиот плод.





