Литургија на Светиот апостол Јаков, брат Господов

Известува: Катерина Дафчева

Денес, кога Црквата го празнува споменот на Светиот апостол Јаков, брат Господов, во манастирот на Свети Леонтиј и Покров на Пресвета Богородица во Водоча, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Литургија на Светиот апостол Јаков, брат Господов.

На Владиката му сослужуваа отците Кирил и Гаврил од Митрополијата на Дидимотихо, Орестиада и Суфли од Православната Црква на Грција, директорот на Патријаршиската управна канцеларија на Српската православна Црква отец Данило, отец Гаврил од Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ ОА, како и отците Фотиј, Агатон и Григориј, отец Константин Митев, секретар на Струмичката православна Епархија и протоѓаконот Симон Митрев.

На богослужбата присуствуваа и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорге Божинов, како и директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници Оливера Трајковска.

Верниот народ се поклони пред светите мошти на Светиот апостол Јаков, кои во чест на именденот на владиката, ги испрати високопреосветениот Митрополит на Дидимотихо, Орестијада и Суфли од Грција, г. Дамаскин.

Јакововата литургија, ја напишал самиот апостол Јаков, брат Господов, а истата се смета за една од најстарите литургии, датирајќи од првите векови на христијанството, што ѝ дава посебна историска и духовна вредност. Оваа литургија го изразува автентичниот христијански живот на ранохристијанската Црква.