Литургија во храмот „Рождество Богородично“ во Скопје и молитва за невинонастраданите во кочанската трагедија

На 23 март 2025 година, во Крстопоклоната недела од Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Светата Василиева Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

На Литургијата беа принесени прозби за блажено успение на невинонастраданите и за брзо исцеление на повредените во кочанската трагедија. Молитви за настраданите беа принесени и во сите храмови на Скопската епархија.

По Литургијата се одржа свечена Духовна академија.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/krstopoklona-nedela-2025/