Литургија во храмот „Св. архангел Михаил“ во Скопје и Помен за починатите во земјотресот во 1963 година

На 26 јули 2025 година, ден кога Црквата гo прославува Соборот на светиот архангел Гаврил, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – во сослужение со игуменот на манастирот „Свети Прохор Пчињски“, Јован, како и со свештенослужители од Скопската епархија –  богослужеше и проповедаше на Светата  Литургија во храмот „Св. архангел Михаил“ во Автокоманда.

По Литургијата беше отслужен Помен за починатите во Скопскиот земјотрес збиднат на денешниов ден во 1963 година.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sobor-na-sveti-arhangel-gavril-2025/