Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

На 3 јули 2026 година, во денот кога Црквата го прославува споменот на светиот Наум Охридски – основоположникот на словенското монаштво, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше Светата Златоустова Литургија во манастирот „Свети Наум“, во скопската населба Радишани.

На Литургијата покрај свештенослужителите од Скопската епархија, служеше и Неговото Високопреподобие, игуменот Јован од манастирот „Свети Прохор Пчињски“ на Српската Православна Црква.

Многубројниот верен народ, којшто го беше преполнил храмот, се причести со светите Христови Тајни.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sv-naum-radisani-2026/