Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

На 3 јули 2024 година, во денот кога Црквата го прославува  светиот отец наш Наум – Охридскиот Чудотворец и основоположник на словенското монаштво, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата Архијерејска Литургија во храмот посветен на свети Наум, во скопската населба Радишани.

Многубројниот верен народ којшто го беше преполнил храмот се причести со светите Христови Тајни.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sv-naum-radisani-2024/