Во недела по Воздвижение на чесниот и животворен Крст, на 16-та недела по Педесетница, 28-ми септември 2025 година, Преосвештениот Епископот Делчевско-каменички г. Марко го посети храмот на Српската Православна Црква, „Свети Архангел Михаил” во градот Милуз, во Франција.
Со благослов од надлежниот архијереј на Српската Православна Црква, Преосвештениот Епископ Западноевропски г. Јустин, Епископот Марко таму отслужи Света Литургија.
Нему му сослужуваа: настојателот на храмот – протосингелот Максим (Илиќ), кој што на овој ден прославуваше 15 години од хиротонија во свештенички чин и свештенослужители од Руската, Српската, Романската, Бугарската и Македонската Православна Црква.
По прочитаното Евангелие на Литургијата, Епископот Марко му се обрати на собраниот верен народ со вдахновена беседа, при тоа, честитајќи му ја годишнината од свештеничка служба на протосингелот Максим (Илиќ), посакувајќи му уште многу годишници и јубилеи да прослави, а од Бога благослов, здравје и ревносно служење на Црквата Христова. На Литургијата беа присутни и православни верници од повеќе националности, сведочејќи го така наднационалниот карактер на Православната Црква што, Епископот Марко го истакна во својата беседа.
После Литургијата за сите присутни беше приредена трпеза.






