Литургиска прослава на Илинден во Крушево

На 2 август / 20 јули 2026 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија – Илинден, во соборниот храм „Свети Никола“ во Крушево беше отслужена света Божествена Литургија.

На Литургијата служеше и проповедаше Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко во сослужение со Неговото Високопреосвештенство митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован.

По Литургијата Епископот Марко отслужи Панихида за загинатите борци во Илинденското востание. На службата присуствуваа: заменик-претседателот на собранието на Република Македонија, г. Антонио Молошоски , градоначалникот на општина Крушево, г. Нико Чонески, министри, амбасадори, пратеници, директори на институции и многуброен верен народ.

На крајот од богослужбата Митрополитот Јован се обрати со пригодна беседа.

Беседа на Епископот делчевски и каменички Марко за Илинден во КрушевоБеседа на Епископот делчевски и каменички Марко за Илинден во Крушево
Неколку зборови по парастасот за илинденцитеНеколку зборови по парастасот за илинденците

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1MDvpkPKER/