На 2 август / 20 јули 2024 година, кога црквата го празнува споменот на светиот Пророк Илија – Илинден, во храмот „Свети Никола“, во Крушево беше отслужена света архијерејска литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение со надлежниот епархиски Митрополит Крушевско-демирхисарски г. Јован и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Своја беседа по прочитаното Евангелие имаше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На светата литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Литургијата, беше отслужена Панихида за сите паднати борци и бранители на Татковината. На литургијата и панихидата присуствуваше и премиерот на владата на Р. Македонија г. Христијан Мицковски со членови на владата и пратеници на Собранието на Р. Македонија.