Литургиска прослава на Илинден во Струмица

На 2 август 2026 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија, во манастирот Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј Ерусалимски и Струмички во Водоча беше отслужена архијерејска Божествена Литургија.

На Литургијата началствуваше епископот Западноевропски г. Јустин од Српската Православна Црква, во сослужение со митрополитот Струмички г. Наум и викарниот епископ Стобиски г. Јаков. Сослужуваа и директор на Патријаршиската управна канцеларија на Српската Православна Црква архимандрит Данило, отец Николае Дорнеану од Јашката Архиепископија на Романската Патријаршија, заедно со свештенослужители од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Верниот народ се причести со светите Христови Тајни.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1BgEZFg8x4/