Литургиска прослава на свети Николај Мирликијски во Куманово

На 19.12.2024 година, кога Црквата го слави споменот на свети Николај Мирликијски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко и епископот Дремвитски г. Давид, служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: https://koe.mk/свети-николај-мирликијски/