Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландски г. Петар, отслужи Литургија на празникот на свети Сава, првиот српски архиепископ, во храмот „Свети Архангел Михаил“ во Скопје.
Во својата беседа, митрополитот Петар ги потсети присутните на житието на свети Сава и на неговите учења, нагласувајќи дека во денешно време, кога владее морална и духовна криза, треба да Му се молиме на Бога и истакнувајќи дека српскиот народ е најблизок до македонскиот.
По светата Литургија беа осветени славските дарови по повод Савинден, а потоа беше отслужен помен за војниците загинати во Првата светска војна и Балканските војни, чии посмртни останки се наоѓаат во криптата на храмот.
Протојереј-ставрофор Петар Лукиќ, во име на Првото белградско пејачко друштво, му се заблагодари на митрополитот Петар, а на храмот „Свети Архангел Михаил“ му беше доделена Повелба од ова друштво.





















Извор: https://www.tvhram.rs/vesti/vesti-iz-crkve/9351/savindan-skoplju
