Литургиско чествување на Педесетница во Соборниот храм во Скопје

На 8 јуни 2025 година, на празникот Слегување на Светиот Дух – Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Пред Литургијата во чин чтец беше ракопроизведен богословот Христијан Маркоски, а на Литургијата во игуменски чин – јеромонахот Георгиј (Ѓорѓевски).

По Литургијата, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на коленоприклоните молитви.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/pedesetnica-2025/