Македонското друштво „Илинден“ – Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана доби верски календари за 2025 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија – објавува интернет страницата на друштвото.

„Во име на Македонско друштво ’Илинден’ – Тирана и на Македонците голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците“ – се вели во соопштението.

„Како друштво, веќе неколку години по ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари“ – вели Никола Ѓурѓај, претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана.

Додава дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни, а за да се добие календар треба само да се контактира со друштвото.

Извор: https://vesnik-ilinden.com/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-dobi-verski-kalendari-od-mpts-oa-za-makedontsite-vo-albanija/