Манастирска слава при женскиот манастир „Св. вмч. Пантелејмон“ во с. Пантелеј, кочанско

На 9 август / 27 јули 2025 година, кога светата Православна Црква прави спомен на св. вмч. Пантелејмон и на св. Седмочисленици словенски просветители, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архијерејска Литургија во женскиот манастир „Св. вмч. Пантелејмон“ во с. Пантелеј, кочанско.

Пред почетокот на светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, во чин чтец го произведе г. Дени Нешков од с. Нивичани, кочанско, а за време на Литургијата во чин протојереј беше произведен свештеникот Димитар Арсовски од Кочани.

На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/