На ден 02.06.2025 година започна зрелосниот испит за матурантите при Македонската православна богословија. Матурскиот испит стартуваше со писмената работа, а во следните денови ќе се полага по стручните предмети. Овогодишен пратеник, претставник на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква е јеромонахот проф. д-р Георгиј Ѓорѓевски.
Овогодинешните теми за писмена работа за матурскиот испит во МПБ, кои ги определи САС на МПЦ се следниве:
1) Простувањето – најкраток пат за мир со Бога u со луѓето
Образложение: Мирот како насушна состојба за издигнувањето кон Бога; невозможноста од помирување со Бога без помирување со ближните; ако сме Христови, мир ќе имаме, зашто Самиот Христос вели: „Мирот Свој ви го оставам“; библиски примери за простување; потребата од духовно единство и национално помирување на Македонскиот народ.
2) Мојсеевиот и Христовиот Закон.
Образложение: Одредбите од двата Закона. Предноста на Христовиот закон во однос на Старозаветниот декалог. односно подготвителниот карактер на Мојсеевиот и вечниот карактер на Христовиот закон.
3) Единството на Црквата изразено преку Вселенските собори.
Образложение: 1700 години од Првиот вселенски собор; важноста соборноста на Црквата во запазувањето на вистината и единството пројавено на Вселенските собори; потребата од единство во Светата Црква и денес.



